Република Полска (Жечпосполита Полска, пол. Rzeczpospolita Polska) е земја во централна Европа и се наожа помеѓу Германија на запад, Чешка и Словачка на југ, Украина и Белорусија на исток и Балтичкото Море, Литванија и Русија на север. Полската држава е преку 1000 години стара. Во XVI век, унијата Полска-Литванија била најбогатата и најмоќната земја во Европа. На 3 мај 1791, Полска-Литванија го ратифицира првиот устав во Европа. Набрзо потоа, Полска престанува да постои 123 години, заради тоа што е разделена меѓу нејзините соседи Русија, Австрија и Прусија. Полска повторно се изборува за независност во 1918 год. Во 1989, на првите делумно слободни избори во Полска по Втората светска војна, победува Движењето Солидарност, а поразени се полските комунистички владетели. Во 1999 Полска се приклучува кон НАТО, а во 2004 станува и членка на Европската Унија. Претседател e Бронислав Коморовски (пол. Bronisław Komorowski), а премиер e Доналд Туск (пол. Donald Tusk).